Рајола се поклони пред Милан, Донарума во недела става потпис на нов договор

by
2 минути читање

Заврши сагата
околу иднината на Џиџо Донарума, голманот во недела ќе ја продолжи верноста кон
Милан.

Вчера на серија
состаноци помеѓу семејството на играчот, лидерите на „Росонерите“ и Мино Рајола
беа договорени сите детали.

Контроверзниот
агент се поклони пред Милан и повеќе не можеше да го кочи новиот договор.

Како што
пренесуваат медиумите од Италија, новиот договор ќе биде со трајност од четири
години, а не од пет како што се говореше пред неколку дена.

Платата останува
иста, Џиџо Донарума ќе добива 6 милиони евра по сезона.

Нема да има две
откупни клаузули (една од 100 милиони евра, и уште една од 50 милиони во случај
Милан да не игра во Лигата на шампионите), ќе има само една која ќе биде поставена
на границата од 75 милиони евра и ќе важи за сите, и за екипи од странство и за екипи од Италија.

На Сан Сиро ќе
пристигне и неговиот брат Антонио, кој ќе има годишна плата од 1 милион евра.

Милан исто така
успеал да се избори Мино Рајола да не добие мултимилионска провизија.

Контроверзниот
агент минатото лето „лапна“ преку 40 милиони фунти од трансферот на Пол Погба, а
слично беше и кога го донесе Французинот во Торино во 2012.

Мино Рајола од Јувентус добиваше плата колку и самиот Пол Погба.

Од таборот на
„Росонерите“ велат дека се работи за стандардна провизија, а некои весници
пишуваат дека тоа ќе биде 5% од платата на Џиџо Донарума, или околу 300.000
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани