Рајола: ПСЖ зборува за почит, а размислува само за пари – Донарума оди во Премиер лигата!

by riste
1 минути читање

Енцо Рајола, синот на починатиот Мино Рајола го застапува Џиџо Донарума, тој распука против ПСЖ по последните случувања со неговиот клиент.

Донарума и ПСЖ немаат најдобра разделба, голманот синоќа со емотивно писмо се збогува со фановите и ја искажа горчината кон оние кој одлучиле да го исфрлат од тимот.

Енцо Рајола не ја отфрли можноста и да го тужат ПСЖ.

„Шокирани сме од ПСЖ. Има нула почит од клубот по четири години заедно. Ситуацијата ќе ја разгледаме и со нашиот правен тим“, вели Рајола.

„Џиџо фури беше подготвен и да ја намали платата, но ПСЖ повторно ги смени условите“.

„Сега ќе ги разгледаме опциите, можеби во Премиер лигата ќе има клубови кој ќе платат колку што е потребно“.

„ПСЖ бара големи пари. Тие зборуваат за почит, но ги интересираат само пари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×