Рајола нема каде да го понуди Донарума, на никој не му треба освен на Милан

by
1 минути читање

18-годишниот голман има уште една сезона од актуелниот договор со Милан кој му нуди нов со годишна плата од 4,5 милиони евра. Но засега Донарума одбива да потпише.

„Медиасет Премиум“ тврди дека Мино Рајола пробал да го продаде Донарума на Реал Мадрид но од таму му го потврдиле тоа што и јавно го кажаа, дека и во следната сезона ќе се потпрат на Кејлор Навас.

Претходно Рајола го нудеше Донарума на Манчестер јунајтед, но за нив тој беше опција само ако Давид де Геа замине во Реал Мадрид.

Откако стана јасно дека Реал Мадрид нема да го купи Де Геа, Манчестер јунајтед не размислува за ангажман на нов голман.

Еден од големите клубови кои ова лето бараа голман беше Манчестер Сити, но тие веќе го ангажираа Едерсон од Бенфика за 40 милиони евра неделно.

Од останатите гиганти, никој нема потреба од голман за идната сезона, па се чини дека Мино Рајола веќе и нема каде да го понуди Донарума.

Најреална е опцијата младиот голман да ја прифати понудата на Милан и уште долго да остане на Сан Сиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани