Рајола: Не верувам во овој Милан

by
1 минути читање

Милан беше најактивниот клуб во летниот преоден рок, новите сопственици направија речиси комплетен ремонт на тимот кој треба да се врати на старите патеки.

Многумина сметаа дека Милан оди по вистинската насока, но не мисли така и контроверзниот Мино Рајола кој беше во постојан контакт со директорите на „росонерите“ за неговиот клиент Донарума кој за малку не замина од клубот.

„Немам ништо лично со Фасоне и Мирабељи. Имам само еден проблем: Не верувам во нивниот проект за Милан“ – изјави Рајола.

„На Донарума му беа ветени работи кои не беа исполнети. Не му ја дадоа капитенската лента, иако за време на преговорите ни го ветуваа тоа, тие ни го понудија тоа на нас, не го баравме ние“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани