Рајола ќе се погрижи за голманската позиција на Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Продолжува сагата
околу 18 годишниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, раководството на тимот
од Милано прави крајни напори за да го убеди својот голман да потпише нов
договор со клубот, бидејќи актуелниот истекува наредната година.

Италијанските
медиуми во јавноста пласираа нови детали во однос на интересот за Донарума, кој
од ден во ден е се поголем.

Се поизвесни се
неколку клучни фактори, Донарума не би се преселил во Манчестер Сити од причина
што англискиот премиерлигаш тргна по голманот на Бенфика, Едерсон, се чини дека
прашање на време е кога овој трансфер ќе биде официјализиран.

Барселона ја
продолжи соработката со Тер Штеген, Челзи и дефинитивно го задржува Тибо
Куртоа, додека пак Реал Мадрид се поизвесно е дека ќе тргне сериозно во намерата
да го доведе во своите редови Де Геа од Манчестер Јунајтед.

Токму Манчестер
Јунајтед е тимот од кој Милан треба да стравува во моментов, италијанските
медиуми пренесуваат дека португалскиот стратег Жозе Мурињо го пикирал Донарума
како едно од потенцијалните клучни засилувања за тимот летово.

Доколку се додаде
дека Манчестер Јунајтед и агентот кој го застапува Донарума, Мино Рајола имаат
фантастична соработка и неколку реализирани трансфери како Погба, Ибрахимовиќ,
Михтарјан и Ромеро, тогаш Милан може да има проблем во оваа битка. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани