Рајола имал средба со браќата, а воедно и агенти на Рашфорд, „Д Атлетик“ ги има деталите

by
1 минути читање

Контроверзниот
фудбалски агент, Мино Рајола имал средба со браќата, а воедно и агенти на
ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, околу можноста тој да ги
претставува интересите на напаѓачот.

Во моментов
претставници на Рашфорд се неговите браќа, Дејн и Двејн, кои воедно имаат и
сопствена агенција чиј профил постојано расте во позитивна насока, меѓутоа
Рајола има силна желба во себе да го запише Рашфорд во својот тефтер каде има
неколку супер-ѕвезди.

Според пишувањата
на „Д Атлетик“, Рајола веќе имал средба со двоецот околу можноста да го
претставува 22 годишниот фудбалер, а Дејн и Двејн наводно се согласиле и да
добиваат совети од Рајола.

Оваа вест доаѓа
само една седмица откако Рајола го презеде Џеси Лингард како свој клиент, а се
верува дека сево ова е стратегија на агентот да ги засили конекциите со
англиските фудбалери, а најголема придобивка од сето тоа наводно гледа токму во
Рашфорд.

Познато е дека
Рајола за клиент го има и Пол Погба кој подолг период се шпекулира дека е на
излезна врата од Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×