Рајола: Ибрахимовиќ е подготвен за преговори со Милан

by
1 минути читање

Се шпекулира дека Милан како што го донесе Бекам сака да го позајми и Ибрахимовиќ од ЛА Галакси, додека има пауза во МЛС тој да игра за италијанскиот тим.

„Во моментов немаме преговори со клубот, но подготвени сме да почнеме да разговараме“, изјави Рајола за „Раи Спорт“.

„Во секој случај во Милан сега има нормални луѓе во раководството и вистински сопственици. Никогаш не сум имал проблем со „росонерите“, бидејќи едноставно клубот не постоеше пред да дојдат овие газди“.

Рајола беше во војна со претходните директори на Милан, Масимо Мирабели и Марко Фасоне, но со доаѓањето на Леонардо работите се променија.

„Леонардо и Златан имаат взаемна почит. Ибра имаше прекрасни моменти во Милан и таму остави дел од своето срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×