Рајан Гигс во проблеми: Го затворил ресторанот, а вработените ги отуштил преку порака – изгубил над 100.000 евра!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс се наоѓа во големи финансиски проблеми.

Имено, Гигс во 2014 година го купи познатиот ресторан „George’s Dining Room and Bar“, но тој заврши во стечај откако се собрал долг од над половина милион евра. Во целата работа Велашенцот изгубил над 100.000 евра, меѓутоа има и други оштетени од неуспехот.

Многу вработени кои работеле во ресторанот добиле откази без да им бидат исплатени платите, а наводно долгот на екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед кон нив изнесувал над 30.000 евра.

Исто така се наведува дека вработени Гигс ги отпуштил преку порака велејќи дека му е жал, но дека немал друг излез и принуден бил на таков потег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани