Рајан Черки прави „предавство“ и се сели во лут ривал на Лион?

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Лион имаше огромни финансиски проблеми поради кои беше приморана да продава за да ги избалансира сметките.

Еден од играчите кои потенцијално би заминале уште во овој преоден рок е Рајан Черки. Станува збор за еден од носителите на играта, кој во договорот има откупна клаузула од 22,5 милиони евра.

Според информациите, Черки има договор за личните услови со Олимпик Марсеј и би можел да се пресели веднаш на „Велодром“. Доколку се исполни тоа, Черки ќе направи големо предавство кон Лион.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1881250318274449870

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани