Многумина веруваа дека Ибрахимовиќ не сакаше да игра со Јувентус во Серија Б па затоа се пресели во Интер, но Раиола отркива поинакви детали од приказната.
„Не е точно дека Ибрахимовиќ замина од Јуве поради Калчополи во летото 2006. Договорот со Интер беше постигнат шест месеци претходно“ – вели Раиола.
„Беше 2. ноември 2005 година. Во Лигата на шампионите играа Јуве и Баерн 2:1, Ибра доби втор жолт картон во 89. минута“.
„Моџи збесни и во соблекувалната експлодираше врз мене „Кажи му на Ибрахимовиќ дека можам да го стопирам продолжувањето на неговиот договор“.
„Ќе оставам да ја замислите реакцијата на Златан. Доколку беше продаден во јануари, Интер ќе требаше да плати 90 милиони евра. Потоа се случи Калчополи и Морати го купи за 20 милиони евра“.