Раиола испрати порака по повод наводниот ултиматум на Милан кон Донарума

by
1 минути читање

Иако неколку италијански медиуми пренесоа дека Милан ќе го стави Донарума на клупата во следната сезона, доколку тој не стави потпис на нов договор, стигна и реакција
на неговиот агент, Мино Риола.

„Никој досега не
спомна дека Џиџи не сака да ја продолжи соработката со Милан, убеден сум дека
раководството на клубот нема таква намера
“ одговори на овие шпекулации
познатиот фудбалски агент.

Мислам дека оние
кои ги пласираат овие вести во јавноста сакаат да има војна помеѓу мене и
Милан, следи мала пауза за Донарума, потоа ќе видиме што ќе се случи
“ додаде
Раиола кој истакна дека преговорите сеуште течат.

18-годишниот
голман ова лето треба да донесе одлука околу својата иднина, неофицијалните
информации кои пристигаат од Италија велат дека тимот од Милано на
суперталентираниот голман му нуди годишна плата од 3,5 милиони евра, актуелниот
договор му истекува јуни наредната година.

Интерес за
Донарума пријавуваат екипите на Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани