Рафиња пред мечот кажа дека ќе ги разбие Аргентинците, а тие не му останаа должни (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекцијата на Бразил претрпе голем пораз на гостувањето кај Аргентина (4-1) во квалификациите за Светското првенство.

Пред мечот ѕвездата Рафиња имаше провокативна изјава и кажа: „Ќе ги разбиеме на теренот. Ако треба и надвор од него“.

Откако неговиот Бразил беше убедливо поразен, Аргентинците не му останаа должни. Емилијано Мартинез поминувајќи крај Рафиња се удри во него, Леандро Паредес го фати за лицето, а провокација имаше и од Кристијан Ромеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани