Рафиња: Многу луѓе сакаа да си одам од Барса по првите неколку меча!

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Барселона, Рафиња не ја почна најдоро кариерата во каталонскиот тим, па многумина се сомневаа дали е на нивото да игра за нивниот клуб.

Рафиња минатата сезона заедно со Јамал беа двајцата најдобри во тимот, но не беше се така розево и на почетокот.

„Многу луѓе сакаа да си одам од Барселона по моите први натпревари. Веројатно не го правев тоа што тие сакаа. Не бев фудбалерот кој тие го очекуваа и тие не гледаа иднина за мене таму. И тоа не беше мала група“, вели Рафиња.

„Луѓето може сакаат да постигнавм по 30 голови на сезона, но тоа не е мојот стил, јас не сум шпиц. Јас сум фудбалер кој помага со посветеност и напорна работа. Тоа е Рафиња, тој дава се што има“.

„Знам јас кој сум, знам низ што се поминав за да дојдам до тука. Мислења на оние кои не ме знаат и не знаат ни половина од тоа што сум преживеал, не ме допираат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×