Рафиња и Де Пол ги закопаа „воените секири“, се смирија и си разменија дресови (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го победи Атлетико Мадрид (0-1) и се пласира во финалето на Копа дел Реј, откако првиот меч заврши 4-4. Човек на одлука беше Феран Торес кој го постигна единствениот гол на „Ванда Метрополитано“.

По мечот „воените секири“ ги закопаа Рафиња и Родриго Де Пол, откако имаа расправија за време на репрезентативната пауза. Тие беа на различни страни во мешаницата по крајот на дуелот на Аргентина и Бразил, меѓутоа сега ги средија односите и си разменија дресови во тунелот кон соблекувалните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани