Рафиња херој на Барселона, со два гола ја сруши Осасуна (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона не запираат во Ла Лига и продолжија со победничкиот ритам, откако вечерва на својот „Камп Ноу“ ја совладаа Осасуна со 2-0.

Каталонците доминираа во првото полувреме и создадоа неколку изгледни шанси, но резултатот на паузата остана непроменет. Домашните навивачи видоа и поништен погодок на Барселона, откако ВАР-интервенцијата сигнализираше необична офсајд позиција. (ТУКА)

Отпорот на гостите беше скршен во завршницата, кога на сцена стапи Рафиња. Бразилскиот репрезентативец најпрво донесе водство во 70. минута, а потоа во 86. минута со вториот гол стави печат на новиот триумф на тимот на Флик.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×