Рафаел Варан и по пензионирањето е дел од комо, позната е неговата улога

by 24 фудбал
1 минути читање

Рафаел Варан изненади многумина кога реши по етапата во Манчестер Јунајтед да потпише со италијански Комо. Повратникот во Серија А направи добар проект, а се очекуваше францускиот стопер да биде една од централните фигури. Сепак, потоа се испостави дека тој има проблеми со коленото кои го примораа да стави крај на кариерата.

И покрај тоа што не успеа да заигра за Комо, Варан уште е ден од клубот, тоа го потврди претседателот Мирван Суварсо. Тој откри дека Варан има мал дел акции во клубот, меѓутоа работи и на други проекти.

Со своето искуство Французинот помага во изградбата на подобра инфраструктура и развивањето на младинските сектори во клубот. Исто така Варан работи и со дигиталниот сектор.

Освен Рафаел Варан еден од инвеститорите во Комо е француската легенда Тиери Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани