Раџи: Дајте го Лестер, сакам да го одмаздам Раниери

by
1 минути читање

32 годишниот
Италијанец, кој пристигна во Монако во 2012 на барање на Клаудио Раниери, има
посебна желба за утрешната ждрепка во Нион.

Аднреа Раџи сака
Монако за противник да го добие Лестер за да се одмазди за отказот кој го доби
Клаудио Раниери.

„Би сакал да се
паднеме со Лестер”
– вели дефанзивецот.

„Тоа ќе биде
одличен натпревар и ќе имам можност да го одмаздам Клаудио Раниери кој вчера ми
испрати порака и ме честиташе за победата над Манчестер Сити”
.

Клаудио Раниери,
кој минатиот месец „доби клоца“ од Лисиците, вчера од трибините на Луј Втори
стадионот го следеше својот поранешен тим Монако во реваншот против Манчестер
Сити во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани