Интер бележи уште
една лоша сезона зад себе, во недела на домашен терен го пречекува Удинезе во
меч без никакво резултатско значење, тимот од Милано не успеа да избори излез
во Европа следната сезона, па така почнува да го креира составот за идната
сезона.
Според
информациите кои пристигаат од Италија, се вели дека Интер планира три големи
засилувања за претстојниов летен трансфер период, и тоа две од Реал Мадрид и
едно од Париз Сент Жермен.
Познато е дека
португалскиот дефанзивец Пепе веќе го одбра Интер за следната сезона, но
второто е на големо изненадување, ни помалку, ни повеќе, туку Колумбиецот Хамес
Родригез.
Плејмејкерот на
тимот од Мадрид е на излезна врата од клубот летово, иако се погласни се
најавите дека тој ќе го засили Манчестер Јунајтед, сепак во трката по неговиот
потпис мошне амбициозно се вклучил и Интер.
Што се однесува
пак до крилната офанзивна страна, Интер сака да се засили со Аргентинецот од
редовите на ПСЖ, Анхел Ди Марија.
Италијанските
медиуми велат дека Интер би можел лесно да се договори со ПСЖ околу трансферот
на Аргентинецот, од причина што тимот од Париз е сериозно заинтересиран за
Хрватот Иван Перишиќ, па може лесно да дојде до договор во оваа ситуација.
Сепак, прво се
чини дека ќе треба да се почека на доаѓањето на новиот тренер во Интер, како
прва опција е Лучијано Спалети.