Причините се
јасни, фудбалерите бараат огромни плати за да ја продолжат соработката со тимот
од Лондон.
Англиските
медиуми пренесуваат дека Арсенал и Месут Озил се блиску до договор откако
германскиот репрезентативец добил понуда вредна 280 илјади фунти неделна плата.
Иако Озил беше
дециден во намерата да добие 350 илјади фунти неделна плата, се чини дека ќе се
задоволи нешто помала сума, од причина што познато е дека сака да остане под
кормилото на Арсен Венгер.
Се чини дека
Венгер заврши половина од работата по зацртаните примарни цели кои ги постави
откако се официјализираше неговото останување во клубот. Вториот предизвик,
односно цел за него е да го убеди Алексис Санчез да остане во клубот и да
потпише нов договор.