Радески: Не се собравме за екскурзија, туку да оствариме позитивни резултати

by
1 минути читање

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денес има
собир со што и официјално ќе започнат подготовките за претстојните два
квалификациски меча за Мундијалот идната година, прв противник на програмата е
Италија, на која и гостуваме во Торино, а потоа следи и дуелот против
аутсајдерот Лихтенштајн во мечот кој е предвиден да се одигра во Струмица.

Фудбалерот на македонскиот вицепрвак Шкендија, Марјан Радески најавува голема борба за позитивни резултати на претстојните две пресметки.

Со
нетрпение го чекавме овој собир, не се собравме во репрезентацијата со чувство
како да сме на екскурзија, туку да оствариме позитивни резултати со Италија и
Лихтенштајн. Не очекува дуел со противник кој ја има најдобрата одбрана во
светот. Но, и ние имаме добри напаѓачи, тоа го покажавме во Скопје. На првиот
меч не нѐ посака среќата, се надевам дека во Торино ќе биде спротивното и ќе
успееме да дојдеме до позитивен резултат
изјави Радески.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани