Екипата на Милан
со убедливата победа (6-0) на домашен терен се чини дека ги разреши сите дилеми
околу патникот во групите од Лига Европа, со тоа што македонскиот вицепрвак
Шкендија вечерва пред својата публика ќе се обиде достојно да се прости од
квалификациите за второто по ранг европско клупско натпреварување, а стигна до
плејоф фазата, што е успех секако.
Веќе се познати и
почетните состави на обете екипи за вечерашната пресметка која стартува во
терминот од 20 часот и 45 минути а се игра на „Националната Арена Филип Втори“
во Скопје.
Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Цуцули, Ибраими,
Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Теќа и Тодоровски.
Стратегот од
клупата на тетовските „црвено-црни“ не остана доследен на стандардната
формациска поставеност 4-2-3-1, па се реши со тројца дефанзивци да му се
спротистави на калчолигашот (3-4-2-1) а најистурен во нападот овој пат ќе биде
Марјан Радески, Бесарт Ибраими ќе биде како поддршка заедно со капитенот Ферхан
Хасани веднаш зад него.
На спротивната страна, Винченцо Монтела ќе тргне со следниве фудбалери: Сторари,
Калабриа, Маури, Силва, Ромањоли, Запата, Бонучи, Антонели, Занелато, Кутроне и
Локатели.
Главен делител на
правдата ќе биде романскиот арбитар Василе Флорин Маринеску.