Вистинска драма се случила во пресрет на натпреварот од четвртфиналето во Купот на Босна и Херцеговина меѓу Сараево и Вележ, откако на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ била пронајдена рачна бомба.
Припадниците на Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево при рутинска контрола на стадионот на 25 февруари откриле експлозивна направа, по што таа веднаш била одземена. Според информациите, бомбата била пронајдена во ВИП салата на стадионот.
За случајот бил известен дежурниот обвинител од Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, кој наредил да се изврши увид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела предизвикување општа опасност и недозволено држење оружје или експлозивни материи.
Од полицијата соопштија дека се работи на целосно расчистување на случајот и на документирање на кривичните дела.
Контролата на стадионот била извршена непосредно пред првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Босна и Херцеговина меѓу Сараево и Вележ. На тој дуел гостите од Мостар славеа со 1:0 и стекнаа предност пред реваншот.