Поранешниот
македонски репрезентативец и фудбалер со долга интернационална кариера, 37
годишниот Славчо Георгиевски – Тупан, е приклучен во работата на сениорскиот
тим на Работнички, и во претстојната сезона ќе работи како асистент во
стручниот штаб на Виктор Треневски.
Георгиевски веќе
18 месеци работи како тренер во младинската школа на Работнички, а веднаш по
завршувањето на фудбалската кариера почна да работи како асистент тренер и во
азербејџанскиот клуб Интер Баку.
Популарниот „Тупан“
беше дел од онаа генерација вардарови фудбалери кои во сезоната 2002/03 ја
елиминираа ЦСКА Москва, а во двомечот против Спарта Прага беа на чекор до
историски настап во групите од Лигата на шампионите.
Работнички во
воведното коло од прволигашкото друштво на Македонија ќе го пречека тимот на
Ренова, во утрешниот меч од 17 часот кој се игра на стадионот во Ѓорче Петров.
Извор/Фото:
fkrabotnicki.com