Работнички со бод се враќа од Струмица, реми против Академија Пандев

by
0 минути читање

Академија Пандев беше фаворит во дуелот со Работнички, но скопскиот тим успеа да остане непоразен во Струмица.

Академија Пандев поведе во 29. минута со гол на Кристијан Стојковски по асистенција од Маневски.

Водството на домаќинот траеше до 72. минута кога Шаркоски дојде до една одбиена топка и ја смести во топката од мрежата на Академија Пандев.

Утре се играат останатите четири натпревари од колото: Вардар – Ренова, Шкендија – Борец, Шкупи – Струга ТЛ и Македонија ЃП – Силекс.

Фото: ФК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

×