142
Клубот од Дебар Маало денеска промовираше уште еден нов фудбалер, вкупно шесто засилување во јануарскиот преоден рок.
„Работнички го доведе и шестото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на нашиот клуб е Христијан Грозданоски, искусниот дефанзивец кој доаѓа од Силекс. Тој сериозно ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.
Претходно, Работнички ги доведе голманот Бурхан Мустафа, одбранбениот фудбалер Андреј Кировски, играчите за врска Марјан Ристовски и Андреј Лазаров и напаѓачот Марио Станковски“, стои во соопштението на Работнички.