Работнички победи во Ѓорче Петров, три бода и за Шкендија и Шкупи

by
1 минути читање

Скопското дерби меѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички им припадна на гостите.

Головите ги постигнаа Стојкоски во 50. минута, и Лука Станковски пред самиот крај на мечот. Македонија ЃП долго време играше со фудбалер помалку поради црвен картон на Младеновски во 52. минута.

Шкендија со голови на Нафиу во првото и Кривак во второто полувреме дојде до гостинска победа над Скопје од 2-0.

Шкупи беше убедлив против Борец, победид со 3-0, Сандеј Адетуњи беше стреллец на два гола, а резултатот го отвори Цветановски.

Ренова со гол на Селмани во 92. минута од пенал ја победи Струга Трим Лум со 1-0.

Брегалница со голови над Алтипармаковски и Додев славеше над Тиквеш со 2-0 во дуел на новите прволигаши.

Немаше голови на натпреварот меѓу Пелиситер и Академија Пандев.

Табела 7 коло:

1. Шкупи 14

2. Академија Пандев 14

3. Ренова 14

4. Работнички 14

5. Струга ТЛ 12

6. Шкендија 10

7. Брегалница 10

8. Македонија ЃП 9

9. Борец 7

10. Скопје 5

11. Пелистер 2

12. Тиквеш 2

Фото: ФК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

×