И покрај тоа што 17 годишниот
македонски суперталент, Елиф Елмас во редовите на турскиот гигант Фенербахче
преминува како слободен играч, без никакво обештетување, Работнички од сето ова
ќе заработи на основ на тренинг-компензација, односно пари од солидарен фонд
како компензација за секоја година помината во клубот кој го изградил.
Пресметките велат дека Фенербахче ќе му исплати на
Работнички по 90 илјади евра за секоја година мината во клубот од „Градски
Парк“.
Тоа значи дека „романтичарите“ ќе заработат околу 300.000 евра од Елиф
Елмас.
Дека Работнички е клубот кој најдобро работи со помладите
категории во нашата земја, говорат и информациите до кои доаѓа „Спорт1“, кои велат дека со празни раце од целата ситуација со Елмас останал Вардар.
Шампионот на Македонија го „намирисал“ големиот талент на
Елмас уште пред две години, но само затоа што не му дале ветување дека ќе биде
дел од првиот тим го оддалечиле новопечениот сениорски репрезентативец на
Македонија да потпише за нив, за повеќе детали прочитајте – ТУКА.