Работнички ја победи Шкендија и речиси ја откажа од трката за шампионската титула. Романтичарите славеа минимално со 1-0.
При резултат 0-0, Бесарт Ибраими пропушти голема шанса да и донесе водство на Шкендија. Во 20. минута имаше пенал, но биеше само во стативата.
Казната стигна четири минути подоцна кога Трајчевски се најде на вистинското место во шеснаесетникот и погоди за водство, кое значеше и победа на Работнички од 1-0.
Вардар го искористи поразот на Шкендија, победи на гостувањето кај Ренова и ја зголеми бодовната предност на девет разлика.
Мечот беше на одличен на 15 минути пред крајот кога нововлезениот Блажевски постигна гол за победа на Вардар од 1-0.
Најефикасно беше во Штип каде Брегалница со 3-0 го победи Шкупи. Два гола беа дело на Наумов, еден на Здравков.
Немаше погодоци на натпреварите Македонија Ѓорче Петров – Победа и Пелистер – Силекс.
Табела по 25 одиграни кола:
1. Вардар 59
2. Шкендија 50
3. Работнички 42
4. Пелистер 37
5. Силекс 35
6. Ренова 31
7. Шкупи 25
8. Победа 22
9. Македонија ЃП 17
10. Брегалница 16