Работнички и Вардар ремизираа во градското дерби

by
1 минути читање

Шампионот прв
поведе со одличен погодок на Грузиецот Џигаури во 36. минута. Садики во 54. минута
му донесе израмнување на Работнички и навести неизвесен финиш, но Барсегјан
шест минути подоцна повторно ги врати „црвено-црните“ во водство, овој пат од
1-2.

Силјановски во 87.
минута му донесе израмнување на Работнички и ги постави конечните 2-2 на
дербито.

Овој исход значи
дека престои голема битка помеѓу Работнички и Пелистер во последните две кола
од шампионатот за третото место на табелата. „Романтичарите“ моментално имаат два
бода предност пред годинешниот финалист на Купот на Македонија.

Од останатите
натпревари, вицешампионот Шкендија славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче
Петров со 2-3, додека Победа извојува мошне важна победа на гостувањето кај
Брегалница со 1-2 по што дојде до два бода предност пред Шкупи во битката за
избегнување бараж за опстанок во прволигашкото друштво. Ренова во натпревар без
никакво резултатско значење славеше минимално со 1-0 на домашен терен против
Силекс.

На отворањето на
редовното коло, вчера Пелистер на домашен терен славеше над Шкупи со 1-0.

Табела: Вардар 78, Шкендија 65, Работнички 53,
Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21,
Македонија Ѓ.П. 19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани