Шкендија одигра одличен натпревар во Струмица и со убедливи 3-0 ја победи Дачија. Триумфот можеше да биде изразен и со повеќе голови разлика бидејќи тетовчани ја имаа комплетната доминација.
По импресивната партија во Струмица, Шкендија и на денешниот натпревар во Молдавија е благ фаворит за победа, а никој не ни размислува за можна елиминација.
Работнички потешко од очекувањата, со гол во 90. минута го победи Тре Пене на негов терен. „Романтичарите“ не би требало да се мачат и Скопје.
Тимот од Сан Марино е голем аутсајдер иако покажа дека не е наивен противник. Виктор Треневски и неговите момци очекуваат нова победа, но овој пат поубедлива.
Пелистер со полна мрежа голови се врати од Полска, Лех Познан победи со 4-0 и само чудо може да ги остави Битолчани во квалификациите за Лига Европа.
Лех е поквалитетен тим, но Пелистерци ќе го дадат максимумот ако ништо друго барем достојно да се опростат од Европа.
Квалификации за Лига Европа:
Дачија – Шкендија 16:00
Пелистер – Лех 17:00
Работнички – Тре Пене 19:00