Работнички загуби од третолигаш на првиот зимски тест во Медулин

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Работнички се во хрватски Медулин каде што ќе ја одработат главната фаза на подготовките за втората полусезона.

Сепак, на самиот почеток „романтичарите“ претрпеа неочекуван пораз од српскиот третолигаш Прва Искра (1-2). Поведоа Србите со голот на Јовковиќ во 37. минута, а во 65. нашиот тим стигна до израмнување со автогол на Радојчиќ. Само четири подоцна одбраната на Работнички капитулира и вторпат за конечните 1-2.

Претходно се одиграа два пријателски меча на македонско тло и тоа меѓу второлигаши. Македонија Ѓорче Петров со 2-1 ја совлада победа во Скопје. Стрелци за „лавовите“ беа Кире Маркоски и Симеон Христов, додека за прилепчани погоди Петрески.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани