Работнички вечерва во Ирска ги стартува квалификациите за младинската ЛШ

by Стефан
0 минути читање

Младинскиот состав на Работнички денеска ќе тргне од првото квалификаиско коло во Лигата на шампионите против Шелбурн од Ирска во првиот натпревар од двомечот кој се игра во Даблин.

Натпреварот вечерва се игра во терминот од 20:45 часот, додека реваншот е закажан за 1 октомври во Скопје.

Во второто квалификациско коло победникот од овој дуел ќе се соочи со Жилина од Словачка.

Пред Работнички во младинската Лига на шампиони од Македонија играа: Шкендија (три пати), Вардар, Победа и Брера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×