267
Екипата на Работнички денеска го потврди новото засилување во овој преоден рок, а тоа е бразилскиот фудбалер, Дос Сантос Алмеида.
Фудбалерот од Јужна Америка стави потпис на двегодишен договор со „романтичарите“, а во Скопје доаѓа од словенечкиот клуб Толмин, каде што минатата сезона одигра 31 натпревар, постигна седум погодоци и запиша една асистенција.
Алмеида е поранешен член на словенечка Горица, а во татковината ги бранеше боите на Атлетико Минеирао, Ботафого Параиба и Маринга. Работнички со овој потег продолжува да го засилува ростерот за предизвиците во наредната сезона.