Работнички се засили со братучедот на Онана

by riste
1 минути читање

Работнички се засили со нов голман, потпиша со Камерунецот Фабрис Ондоа кој има интересна историја.

Се работи за 30-годишен камерунски голман кој доаѓа како слободен играч, за Работнички потпиша на година и пол.

Тој потекнува од фудбалската школа на Ето, но бил дел од од академијата на Барселона, Ла Масија каде стигнува и до Барса Б.

Бранел и за Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра, РФС…

Има дури 53 настапи за репрезентацијата на Камерун за која дебитира на возраст од 18 години. Бранел на два турнири на Африкански куп на нации, а во 2017 ја освоил титулата.

Интересно, Фабрис Ондоа е братучед на пославниот голман од него, Андре Онана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×