Работнички се раздели со уште еден фудбалер

by 24 фудбал
1 минути читање

Работнички продолжува со кадровските промени за време на зимската пауза, а најново име кое го напушта клубот е искусниот офанзивец Флоријан Кадриу. Од редовите на „романтичарите“ соопштија дека разделбата е резултат на заедничка одлука, по една година помината во Дебар маало.

И покрај заминувањето на Кадриу, во Работнички најавуваат дека во наредниот период ќе следуваат и нови засилувања. Сепак, јасно е дека клубот и понатаму се соочува со финансиски потешкотии, а борбата за опстанок во првенството ќе биде исклучително тешка.

Кадриу за првпат ќе игра и во Косово бидејќи потпиша со Приштина. Претходно во мак-фудбалот беше дел од Шкупи, Струга, Ренова и Влазрими, а играше уште во Албанија, Азербејџан и КАзахстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×