Работнички сака победа против Башкими

by riste
1 минути читање

Денеска од 17 часот Работнички ќе го пречека Башкими на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тимот од Дебар Маало одигра без голови против Тиквеш во Кавадарци во првото коло, а денеска ја отвора сезоната на домашен терен. Гостин им е новајлијата, Башкими.

Напаѓачот Дашмир Елези верува дека трите бода од овој натпревар ќе завршат на контото на Работнички.

„Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме. „Очекувам да одиме во позитивна насока и во тој сегмент. Не постигнавме гол на европските натпревари и на првиот меч против Тиквеш во Кавадарци, но имавме неколку навистина одлични шанси. Верувам дека токму против Башкими ќе бидеме ефикасни“, вели напаѓачот Дашмир Елези.

Но, Башкими во Скопје нема да се појави со бело знаме, тие си имаат свои математики и се надеваат на добар резултат.

„Не очекува многу тежок натпревар на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Екипата на Работнички се покажа како најстабилен и најнепредвидлив тим во Првата лига. Треба навистина да бидеме на високо ниво, физички и тактички. Се подготвуваме добро и веруваме во позитивен резултат. Нашето тајно оружје се навивачите и желбата да покажеме дека Башкими ќе биде изненадување во првенство оваа година. Навистина ја имаме поддршката и се разбира дека сакаме да ги израдуваме“, вели фудбалерот Ресул Мемети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×