Работнички мора да ја потврди победата од Струмица против „давеникот“ во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Работнички оствари важна победа против Брера (3-4) на гости во минатото коло и тоа ги зголеми надежите дека може да се обезбеди опстанок во елитата и следната сезона. Но, тие бодови нема да вредат ништо ако денеска не се надополнат со уште нови три, со триумф над последнопласираниот Шкупи.

Во пресрет на градската пресметка своите очекувања ги сподели офанзивецот Никола Манојлов, кој кажа:

Работнички нема друг избор, едноставно мора да оди на победа на секој натпревар. Веруваме дека ќе успееме да славиме, иако во никој случај не го потценуваме противникот“.

Од таборот на чаирчани, пак, се обрати капитенот Амар Мелиќи.

Како и на секој натпревар, така и против Работнички ќе се бориме до последниот атом. Ние како фудбалери ќе го дадеме најдоброто од себе, без оглед на околностите и незавидната ситуација во која се наоѓа нашиот клуб. Наша должност е да останеме професионалци на теренот и да ја извршиме нашата работа најдобро што знаеме“, изјави голманот на Шкупи.

По подолг период, Работнички се враќа како домаќин на Арената „Тодор Проески“, а натпреварот со Шкупи е закажан од 12:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×