Една година по трагедијата во Кочани, македонскиот фудбал ќе му оддаде почит на прерано загинатиот фудбалер Андреј Лазаров.
Во негова чест, екипите на Работнички и Тиквеш ќе одиграат пријателски натпревар, со кој ќе се одбележи споменот на поранешниот нивни фудбалер. Двата клуба официјално го потврдија натпреварот, кој ќе се одигра на 29 март во Кавадарци со почеток од 13:00 часот.
Лазаров во моментот на трагедијата беше член на Шкупи, а во текот на својата кариера остави белег и во Работнички и Тиквеш. Фудбалските чекори ги направи во Металург, по што следуваше трансфер во Работнички, а потоа и настапи за Тиквеш. Покрај настапите во Македонија, Лазаров имаше и интернационално искуство, играјќи за хрватските Рудеш и Горица.