Работнички и искусниот дефанзивец Бесир Демири ја продолжија соработката, откако денеска беше потпишан нов двегодишен договор.
„Романтичарите“ му укажаа доверба на Демири, кој ќе остане дел од тимот најмалку до јуни 2027 година. Тој во Работнички пристигна минатото лето и веднаш се наметна како важен дел од средниот ред.
Во сезоната што е при крај, Демири запиша 25 настапи, постигна еден гол и додаде три асистенции – учинок што ја потврдува неговата важност за тимот.
Во својата богата кариера, 30-годишниот фудбалер настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Шкупи, Шкендија, Вардар, украински Мариупол, словачка Жилина, Кукс во Албанија, Динамо Тирана, како и косовски Гиљан.
Работнички продолжува со планот за стабилност и континуитет, а Демири е важен дел од таа слика.