Работнички го избра четвртиот тренер сезонава!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Работнички го назначи и четвртиот тренер во тековната сезона. Нов предводник на „дебармаалци“ е Муарем Муарем, кој доаѓа на местото на Србинот Ален Тупајиќ.

Епизодата на Тупајиќ во Скопје траеше кратко и си замина по само еден месец, период во кој не успеа да донесе посакуван пресврт и да го извлече тимот од резултатската криза, па управата повторно се реши за промена.

Пред Муарем е сериозен предизвик во продолжението од шампионатот, со оглед на тоа што Работнички се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со само седум освоени бодови. Полош учинок има единствено Шкупи, кој е последен со еден бод.

Муарем зад себе има тренерско искуство во Гостивар и Башкими, додека како асистент беше дел и од стручниот штаб на Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×