222
Од редовите на Работнички не чекаа долго и набрзо по завршувањето на првиот дел од сезоната го доведоа првото засилување.
Ново име во клубот од Дебар Маало е повртникот Миле Тодоров. Тодоров е искуен фудбалер кој во Работнички се враќа по шест години.
Тодоров доаѓа од редовите на Тиквеш каде што настапуваше во првиот дел од сезоната, а со Работнички потпиша договор на две години. Откако замина од Работнички настапуваше во клубови од Хрватска и БиХ, додека во Македониа беше дел уште од Победа и ФК Скопје.