Во среда, на програмата
е реваншот помеѓу Јувентус и Милан во полуфиналето од Купот на Италија и до пред
само неколку часа се очекуваше да има публика, односно стадионот да биде
делумно отворен и влезот да биде забранет само за навивачите кои доаѓаат од
регионите кои најмногу се погодени од коронавирусот.
Сепак, последните
информации велат дека дуелот најверојатно ќе се игра пред празни трибини. Медиумите
пишуваат дека првиот човек на областа Пједмонт размислува да ја продолжи
забраната која требаше да истече во среда, и таа ќе треба да остане на сила до 9. март.
Вечерва ќе има
нова средба на локалните власти со експертите од здравството и фановите се
ставени во исчекување. Но според Ла Стампа, весник близок до Јувентус, одлуката
е веќе донесена и натпреварот ќе се игра без публика.