Антонио Конте оваа недела реши да земе неколку слободни дена и да остане во својот дом во Торино, но ја користи технологијата за од далечина да дели инструкции на стручниот штаб и фудбалерите.
Наполи влезе во мала резултатска криза со два порази на последните пет натпревари во Серија А, а врзаа и три меча без да постигнат гол.
Па се говореше за тензија во соблекувалната и можен отказ на Антонио Конте, но стратегот во моментов останува на кормилото.
Сепак, тој повлече еден неочекуван потег и зема слободни денови за да помине време со семејството во својот дом во Торино, се враќа на почетокот од следната недела.
Како што пренесува Газета дело Спорт, ситуацијата полека наликува на „работа од дома“ што е прилично популарна во денешно време.
Антонио Конте секој ден има по неколку состаноци на Зум и телефонски повици со помошникот Кристијан Стелини, како и тим менаџерот Леле Ориали.
Тој исто така е во постојан контакт со лекарскиот персонал и добива дневни извештаи за фитнесот на играчите кои се опоравуваат од повреди.