„Рабио се сели во Марсеј бидејќи никој во Европа не го сакаше“

by bojan
1 минути читање

Новинарот Даниел Риоло вели дека навивачите не треба да паѓаат во несвест поради трансферот на Адриен Рабио во Марсеј, вели дека никој во Европа не сакал да го ангажира фудбалерот од средниот ред.

Адриен Рабио е без клуб откако му заврши договорот со Јувентус на 30. јуни, често имаше гласини за неговата следна дестинација, но и две недели по крајот на преодниот рок немаше никаков абер.

Сепак, вчера пристигна потврда дека Адриен Рабио се враќа во Франција и ќе потпише со Марсеј.

„Прилично неверојатно е ова што го направи Марсеј. Да го убедат Рабио да прифати речиси двојно помала плата и да се пресели во Марсеј е неверојатно“ – вели новинарот Даниел Риоло.

„Но навивачите не треба да паѓаат во несвест, треба да бидат внимателни бидејќи никој ви Европа не го сакаше!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани