Адриен Рабио е полн со пофални зборови за својот соиграч Лука Модриќ, двајцата вршат голема работа во средниот ред на Милан оваа сезона.
Лука Модриќ и покрај тоа што веќе има полни 40 години, го привлекува вниманието на сите и брзо ги затна муцките на оние кои беа скептици за неговиот трансфер.
Еден од оние кои се воодушевени е Адриен Рабио кој исто така игра во голема форма во Милан.
„Модриќ навистина ме воодушевува. Го гледам секој ден како тренира со неверојатна прецизност, со неверојатна професионалност и интензитет кој не е карактеристичен за 40-годишен фудбалер“, вели Рабио.
„Едноставно тој е извонреден. Исто така многу е скромен, посветен и секогаш дава 100 проценти за тимот. Да бидам искрен останувам без текст кога гледам какви работи прави во ситуација кога е 10 години повозрасен од мене“.