Рабио ја објасни изненадувачката одлука да се пресели во Марсеј

by bojan
1 минути читање
Рабио

Адриен Рабио вели дека неговото минато со ПСЖ немало никакво влијание врз изборот да се пресели во Олимпик Марсеј и го објасни својот потег.

Адриен Рабио оваа недела стана нов фудбалер на Марсеј, Французинот се реши за преселба на Велодром откако не добие друга примамлива понуда.

„Разговарав многу со Бенатија (спортскиот директор), со претсетелот и тренерот, и тие ми го објаснија амбициозниот проект на Марсеј. Па без многу размислување прифатив. Де Зерби има одреден рејтинг, знаеме на што е способен“ – вели Рабио.

ПСЖ и Марсеј се големи ривали, па неизбежно беше прашањето дали ова е еден вид на предавство со оглед на тоа дека потекнува од школата на „светците“.

„Не треба да објаснувам ништо на никого, гледам што е најдобро за мојата кариера“.

„Очигледно ништо не е невозможно во животот. Можеби разочарав одредени луѓе, но изборот е мој“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани