Рабио испрати порака до првиот човек на ПСЖ: Џабе ти се сите пари, не можеш да купиш класа!

by bojan
1 минути читање
Рабио

Адриан Рабио се огласи на социјалните мрежи откако синоќа доби навреди на натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј, фудбалерот прстот го впери во првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи.

Синоќа на програмата беше француското Ел Класико и пресметката помеѓу ПСЖ и Марсеј, каде во центарот на вниманието се најде Адриан Рабио.

Фудбалерот од средниот ред беспари го напушти Париз откако неговата мајка не најде заеднички јазик со раководството на клубот за нов договор, па сега тој доби жесток пречек и многу навреди.

Па Адриан Рабио се огласи на социјалните мрежи и прстот го впери кон Насер Ал Келаифи.

„Да се навредува нечија мајка и починат татко… ќе платите за ова еден ден. Нема да одите во рајот, верувајте ми“ – гласи пораката на фудбалерот.

Тоја потоа го посочи првиот човек на ПСЖ: „Насер, можеш да ги имаш сите пари на светот, па и повеќе од тоа, но не можеш да купиш класа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани