Путин со иронична критика до неговиот омилен тим Зенит за составот против Вардар и Реал Сосиедад (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Првиот човек на Зенит од Санкт Петерзбург, Сергеј
Фурсенко се пофали дека неговиот клуб привлекол голем број на навивачи на
стадионот, а притоа додаде дека фудбалот ќе биде вистинска руска игра.

Убавината на фудбалот е поважна од резултатот. Со
играњето на спектакуларен фудбал, Зенит привлече огромен број на навивачи на
стадионот, околу 50.000. Сега и некои нови луѓе доаѓаат на стадионите, доаѓаат
со своите семејства, со деца… Фудбалот ќе стане вистинска руска игра
“ изјави
Фурсенко кој притоа доби критики од првиот човек на Русија.

Имате осум странци на теренот кои играат за Зенит во
Лига Европа, баш добро…
“ му возврати иронично Путин кој важи за голем навивач
на тимот од Санкт Петерзбург.

Зенит инаку е дел од групата „Л“ во Лига Европа, каде
исто така е сместен и македонскиот првак Вардар. Како за потсетување, рускиот
претставник во убедливата победа од 0-5 сред Скопје во својот почетен состав
имаше петмина Руси, додека пак шестмина беа странци.

Што се однесува пак за мечот на домашен терен против Реал
Сосиедад, тимот во Санкт Петерзбург имаше само тројца Руси во својот состав, а
славеше со 3-1 против шпанскиот прволигаш за максимални шест бода во групата.
Токму за мечот против Шпанците се „правдаше“ Фурсенко, кој на крајот рече дека
резултатот говори се’.

(реакцијата на Путин погледнете ја на 38,00)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани