Пуста желба на каталонците или реална можност: ПСЖ се сложил да го испрати Нејмар на позајмица во Барса?!

by
1 минути читање

Во следните неколку дена
треба да биде разрешена трансфер сагата на Нејмар, со вакво тврдење излезе
денеска Спорт. Каталонскиот весник го смести Бразилецот на насловната страна и
пренесе дека Барса и ПСЖ пронашле формула со која ќе се одблокира ситуацијата.

Наводно двата
клуба ги пеглаат деталита за позајмица на напаѓачот, а Барселона ќе добие и
опција (не и обврска) во целост да го купи Нејмар следното лето.

На овој начин ќе
се излезе од ќор сокак со оглед на тоа дека ПСЖ бара 180 милиони евра во кеш
(исто така според тврдењата на Спорт) а „каталонците“ во моментов немаат пари.

Како дел од
зделката, Иван Ракитиќ би можел да се пресели во Париз, Спорт вели дека Хрватот
бил единствениот играч по мерак на ПСЖ од сите останати кои биле понудени ова
лето (Умтити, Кутињо и Малком, кој оваа недела беше продаден на Зенит).

Ова не е прв пат
да се говори за ваква зделка. Л’Екип веќе објави дека една опција за преселба
на Нејмар во Барса е позајмица, но весникот посочи дека ПСЖ категорично ја
отфрла оваа идеа.

Уште еден
каталонски весник, Мундо Депортиво оваа недела говореше за сличен трансфер и
„формула Мбапе“ (ПСЖ најпрво го донесе Французинот на позајмица од Монако па
потоа го купи), но потенцираше дека и ова сценарио е прилично комплицирано
бидејќи буџетот за плати на Барса веќе и онака е оптоварен и пристигнувањето на
Нејмар ќе ги помести границите на аларманто ниво, и покрај тоа што Бразилецот е
подготвен да прифати помала плата.

Па останува да се
види дали оваа сторија на Спорт е само пуста желба или реална можност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×