Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека се во пуштени влезниците за гостинскиот сектор од мечот во Копенгахен каде нашата репрезентација ќе ѝ гостува на Данска во бараж меч за пласман на Светското првенство.
Данска определи 1,750 седишта за македонски навивачи кои ќе бидат сместени во блкот Д1 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.
Билетите се продаваат преку платформата на ФФМ, а цената е 3.650 денари. Истата цена важи и за шест позиции за лица со инвалидски колички.
„По извршување на купувањето, секој навивач најпрво ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата. Врз основа на таа потврда, ќе биде издаден официјалниот билет и испратен на е-поштата наведена при купувањето. Билетите се доставуваат електронски, преку е-пошта, и ќе пристигнат 14 дена пред одигрувањето на натпреварот“, соопштија од ФФМ.